بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
لَآ أُقۡسِمُ بِهَٰذَا ٱلۡبَلَدِ ١Се колнам во овој град وَأَنتَ حِلُّۢ بِهَٰذَا ٱلۡبَلَدِ ٢а тебе сè ќе ти биде допуштено во овој град وَوَالِدٍ وَمَا وَلَدَ ٣Се колнам и во родителот и во тоа што го роди لَقَدۡ خَلَقۡنَا ٱلۡإِنسَٰنَ فِي كَبَدٍ ٤Ние го создаваме човекот за да се труди أَيَحۡسَبُ أَن لَّن يَقۡدِرَ عَلَيۡهِ أَحَدٌ ٥Зарем тој мисли дека никој ништо не му може يَقُولُ أَهۡلَكۡتُ مَالًا لُّبَدًا ٦„Големо богатство потрошив!“ – ќе каже أَيَحۡسَبُ أَن لَّمۡ يَرَهُۥٓ أَحَدٌ ٧Зарем мисли дека никој не го видел أَلَمۡ نَجۡعَل لَّهُۥ عَيۡنَيۡنِ ٨Зарем не му дадовме очи две وَلِسَانًا وَشَفَتَيۡنِ ٩и јазик и усни две وَهَدَيۡنَٰهُ ٱلنَّجۡدَيۡنِ ١٠и доброто и злото му ги објаснивме فَلَا ٱقۡتَحَمَ ٱلۡعَقَبَةَ ١١Па зошто не е благодарен на благодатите وَمَآ أَدۡرَىٰكَ مَا ٱلۡعَقَبَةُ ١٢А што мислиш ти, како може на благодатите благодарен да се биде فَكُّ رَقَبَةٍ ١٣Роб од ропство да се ослободи أَوۡ إِطۡعَٰمٌ فِي يَوۡمٍ ذِي مَسۡغَبَةٍ ١٤или, гладта кога владее, да се нахрани يَتِيمًا ذَا مَقۡرَبَةٍ ١٥сираче од родот близок أَوۡ مِسۡكِينًا ذَا مَتۡرَبَةٍ ١٦или сиромав, со неволји оптоварен ثُمَّ كَانَ مِنَ ٱلَّذِينَ ءَامَنُواْ وَتَوَاصَوۡاْ بِٱلصَّبۡرِ وَتَوَاصَوۡاْ بِٱلۡمَرۡحَمَةِ ١٧а со тоа и да е од оние коишто веруваат, коишто едни со други трпеливост си препорачуваат и коишто едни со други милост си препорачуваат أُوْلَٰٓئِكَ أَصۡحَٰبُ ٱلۡمَيۡمَنَةِ ١٨Тие ќе бидат среќни وَٱلَّذِينَ كَفَرُواْ بِـَٔايَٰتِنَا هُمۡ أَصۡحَٰبُ ٱلۡمَشۡـَٔمَةِ ١٩А тие што не веруваат во доказите Наши, тие ќе бидат несреќни عَلَيۡهِمۡ نَارٌ مُّؤۡصَدَةُۢ ٢٠над нив ќе биде огнот затворен